MaTox Digital Agency

Веб дизајн во Македонија за бизниси што сакаат да растат

Веб дизајн во Македонија за бизниси кои сакаат модерна, брза и функционална веб страна. Секој проект го градиме со јасна структура, responsive дизајн, SEO основи и корисничко искуство што ги води посетителите кон контакт, понуда или продажба.

веб дизајн портфолио

Веб страна што изгледа професионално и има јасна цел

Добриот веб дизајн не завршува со тоа страницата да изгледа модерно. Таа треба брзо да се вчитува, лесно да се користи на мобилен уред, јасно да ги претставува вашите услуги и да го води посетителот кон следниот чекор.

 

Затоа секоја веб страна ја планираме според бизнисот, публиката и целта на проектот. Од структурата и дизајнот до брзината и SEO основите, секој елемент има своја функција.

Што добивате со MaTox веб дизајн?

Custom дизајн

Дизајн прилагоден на вашиот бренд, услуги и целна публика, наместо генерички изглед што се повторува на секој проект.

Responsive на сите уреди

Веб страната се прилагодува за desktop, tablet и mobile со јасна навигација и добро корисничко искуство.

SEO подготвена структура

Уште при изработката внимаваме на структурата, heading хиерархијата, брзината и техничките основи за Google.

Лесно управување

По завршувањето можете самостојно да ги менувате основните текстови, фотографии и содржини без да зависите од програмер за секоја промена.

Професионален веб дизајн и изработка на модерни веб страни и веб продавници во Македонија од MaTox Digital Agency

Како изгледа процесот на изработка?

1

Стратегија и структура

Ги дефинираме целите, публиката, услугите и структурата на веб страната пред да започнеме со дизајнот.

 

2

Дизајн

Го креираме визуелниот правец, layout-от и корисничкото искуство според брендот и целите на проектот.

3

Изработка и оптимизација

Ја развиваме веб страната, ја прилагодуваме за мобилни уреди и ги поставуваме основните SEO и performance елементи.

4

Тестирање и лансирање

Ги проверуваме формите, линковите, responsive верзијата, брзината и функционалностите пред страната да биде објавена.

CASE STUDY

WEBSITE REDESIGN

SEO

Редизајн на веб страна и SEO за Dream Body Medspa

Целосен WordPress редизајн и SEO оптимизација за med spa бизнис со две локации во Калифорнија, САД.

ПРЕДИЗВИК

Dream Body Medspa имаше потреба од модерна веб страна што подобро ќе ги претстави бројните услуги и двете локации на бизнисот. Проектот не беше само визуелен редизајн, структурата требаше да биде подобрена и за корисниците и за пребарувачите.

НАШИОТ ПРИСТАП

РЕЗУЛТАТ

По редизајнот и SEO оптимизацијата, веб страната има значително посилна структура за органско и локално пребарување. Dream Body Medspa се појавува за релевантни пребарувања поврзани со услугите и локациите, а брендот се појавува и во релевантни AI-generated препораки за med spa услуги во регионот.

dream body med spa ai ranking proof

Пример од AI-generated search recommendation. AI резултатите може да се разликуваат според пребарувањето, корисникот и времето.

Потребна ви е нова или модернизирана веб страна?

Често Поставувани Прашања

Цената зависи од бројот на страници, дизајнот, функционалностите и содржината. На оваа страница можете да ги видите нашите почетни пакети, а за поспецифични проекти подготвуваме индивидуална понуда.

Времетраењето зависи од големината и комплексноста на проектот и од тоа колку брзо се подготвени содржината и материјалите. Рокот го дефинираме пред почетокот на проектот.

Да. При изработката ги поставуваме основните on-page и technical SEO елементи: логична структура, headings, mobile оптимизација, брзина и индексирање. За подетална стратегија нудиме и SEO оптимизација.

Да. Изработуваме веб страни што се едноставни за управување, а по завршувањето добивате насоки за промена на текстови, фотографии и основни содржини.

Да. Во зависност од проектот можеме да креираме custom структура и дизајн според брендот, функционалностите и целите, наместо да се ограничиме на готов демо template.

Да. Ако веќе имате веб страна, можеме да ја анализираме и да направиме редизајн на веб страна со подобрена структура, визуелен изглед, брзина и корисничко искуство.

Да. Изработуваме WooCommerce веб продавници со категории, производи, плаќање и функционалности прилагодени на конкретниот бизнис.

 

Да. Responsive дизајнот е дел од секој проект и ја проверуваме страната на различни големини на екрани пред лансирање.

Пакети за изработка на веб страна

Изберете почетен пакет или побарајте индивидуална понуда за проект со специфични функционалности.

*Цените не се фиксни, постои можност за договор. За подетални информации за секој пакет, ве молиме контактирајте не. Ќе ви испратиме детална понуда со сите информации.

LANDING PAGE

€199

STANDARD

€300

ADVANCED

€550

PREMIUM

€790

ВЕБ ДИЗАЈН МАКЕДОНИЈА - ИЗБОР БР.1 ВО МАКЕДОНИЈА

Ајде да ја изградиме веб страната што му е потребна на вашиот бизнис.

Кажете ни што сакате да постигнете, а ние ќе ви предложиме структура, дизајн и решение според вашите цели и буџет.

Scroll to Top