- Повеќе клиенти
- Поголема доверба
- Повеќе продажба
Изработка на веб продавници во Македонија
Изработка на веб продавници за бизниси што сакаат да продаваат онлајн преку брза, сигурна и лесна за управување WooCommerce продавница. Од структурата на категориите и производите до плаќањето, доставата, SEO оптимизацијата и мобилното искуство, секој дел го планираме за полесно купување и повеќе продажби.
Што добивате со MaTox веб продавница?
Лесно купување на секој уред
Лесно управување со производи
Подготвена за SEO
Подготвена за раст
Процес на изработка на веб продавници
Стратегија и структура
Ги дефинираме производите, категориите, начинот на продажба, плаќањето, доставата и функционалностите што му се потребни на вашиот бизнис.
UX и дизајн
Ја планираме навигацијата, категориите, product pages и checkout процесот за корисникот лесно да стигне од производ до нарачка.
WooCommerce изработка и интеграции
Ја развиваме продавницата, ги поставуваме производите и варијациите и ги поврзуваме потребните системи за плаќање, достава или други интеграции.
SEO, тестирање и лансирање
Ги проверуваме мобилната верзија, брзината, checkout-от, формите, плаќањето и основната ecommerce SEO поставеност пред лансирање.
Сигурно и едноставно онлајн купување
Довербата е критична кога клиентот остава лични податоци или врши плаќање. Затоа внимаваме продавницата да користи HTTPS, јасни информации за производите, видливи услови за испорака и професионален checkout процес. Каде што проектот го бара тоа, интегрираме и достапни платежни решенија според потребите на бизнисот.
Product страници што го олеснуваат изборот
Добриот ecommerce дизајн не е само визуелен. Product страниците треба јасно да ги прикажуваат фотографиите, цената, варијациите, достапноста, описот и начинот на купување. Го организираме дизајнот така што корисникот брзо ги добива информациите што му се потребни за да донесе одлука.
Интеграции што штедат време
WooCommerce може да се поврзе со различни системи за плаќање, достава, аналитика, email marketing, фактурирање или други бизнис процеси. Интеграциите ги планираме според начинот на кој работи вашиот бизнис, наместо да додаваме непотребни plugins и функционалности.
- Платежни системи
- Достава
- Google Analytics / ecommerce tracking
- Meta Pixel
- Email marketing
Веб продавници оптимизирани за Google и продажба
Ecommerce SEO започнува уште со структурата на продавницата. Внимаваме на категориите, product URL-ите, breadcrumbs, интерното поврзување, брзината, mobile UX и structured data за производи каде што е применливо.
Целта не е само производите да изгледаат добро, туку Google и корисниците лесно да ја разберат структурата на продавницата и да стигнат до релевантните производи.
Функционалности според начинот на кој продавате
Варијации на производи
Филтри и пребарување
Промоции и купони
Залиха и достапност
Плаќање и достава
Analytics и tracking
CASE STUDY
WOOCOMMERCE
ART IN - WooCommerce веб продавница со 900+ производи
Изработка на голема веб продавница за мебел со 900+ производи, организирани категории и WooCommerce структура создадена за лесно управување и онлајн продажба.
- 900+ Производи
- WooCommerce E-commerce платформа
- Responsive Mobile & Desktop
- SEO Оптимизирана структура
Проблем / Предизвик
ART IN имаше потреба од веб продавница способна да прикаже и организира голем каталог од над 900 производи без корисникот да се изгуби во понудата. Кај ecommerce проект со ваков обем, структурата на категориите, навигацијата, product страниците и брзината се исто толку важни колку и визуелниот дизајн
Нашето решение
Изработивме WooCommerce веб продавница со јасно организирана структура на производи и категории, responsive дизајн и едноставно управување преку WordPress. Посебно внимание посветивме на навигацијата и презентацијата на производите за посетителите полесно да стигнат до релевантната категорија и производ.
Резултат
Резултатот е функционална и скалабилна веб продавница што овозможува голем каталог на производи да биде организиран на јасен начин и лесно да се управува преку WooCommerce.
Планирате голем ecommerce проект? Погледнете како пристапуваме кон изработка на веб продавници.
Често Поставувани Прашања
Колку чини изработка на веб продавница во Македонија?
Цената зависи од бројот на производи, варијациите, дизајнот, начинот на плаќање и достава и дополнителните интеграции. Подолу можете да ги видите почетните пакети, а за поголеми или custom продавници подготвуваме индивидуална понуда.
На која платформа ги изработувате веб продавниците?
Најчесто работиме со WordPress и WooCommerce, бидејќи овозможуваат флексибилно управување со производи, категории, нарачки, промоции и голем број дополнителни интеграции.
Ќе можам ли самостојно да додадам нов производ?
Да. По изработката можете самостојно да додавате и менувате производи, фотографии, цени, категории, варијации и залиха. По потреба обезбедуваме и насоки за користење.
Дали може да се интегрира онлајн плаќање?
Да, во зависност од платежното решение и техничките можности што ги користи вашиот бизнис. Пред почетокот на проектот ги дефинираме потребните начини на плаќање и интеграции.
Дали веб продавницата ќе биде прилагодена за мобилен телефон?
Да. Ecommerce корисниците често разгледуваат и купуваат преку телефон, затоа mobile UX, навигацијата, product pages и checkout процесот ги проверуваме на различни големини на екрани.
Дали веб продавницата ќе биде SEO оптимизирана?
Да. При изработката ги поставуваме основните ecommerce SEO елементи, вклучувајќи логична структура на категории и производи, URL структура, breadcrumbs, mobile оптимизација, брзина и structured data каде што е применливо.
Може ли да се додадат филтри за производите?
Да. За продавници со поголем каталог можеме да поставиме филтри според категории, цена, боја, големина, материјал или други релевантни атрибути, зависно од производите.
Може ли постоечка веб продавница да се редизајнира?
Да. Можеме да направиме редизајн на постоечка WooCommerce продавница со подобрена структура, mobile UX, product pages, брзина и ecommerce функционалности, без непотребно да се започнува од нула.
Зошто MaTox за изработка на вашата веб продавница?
Искуство со големи каталози
Не градиме само продавници со 10 demo производи. Имаме искуство со WooCommerce проекти со стотици производи, категории и варијации.
Ecommerce SEO уште од структурата
Категориите, производите, breadcrumbs, URL структурата и интерните линкови ги планираме со SEO во предвид уште при изработката.
Фокус на брзина и mobile UX
Големите фотографии, plugins и ecommerce функционалности лесно можат да ја забават продавницата. Затоа performance е дел од процесот, не нешто што го разгледуваме дури по лансирањето.
Лесно управување
Целта е вашиот тим да може самостојно да додава производи, менува цени, управува со акции и обработува нарачки.
Пакети за изработка на веб продавница
Изберете пакет според големината на каталогот и потребните функционалности или побарајте custom решение за поголем ecommerce проект.
*Цените не се фиксни, постои можност за договор. За подетални информации што точно е вклучено во секој пакет, ве молиме контактирајте не. Ќе ви испратиме детална понуда со сите информации.
€400
- До 15 продукти
- Хостинг и домен 1 година
- SEO оптимизација
- Еднојазична верзија
- Професионален дизајн
- Дизајнот го бираме заедно
- Респонзивен на сите уреди
- Менаџирање 3 месеци бесплатно
- Техничка поддршка 24/7
€450 – €750
- До 100 продукти
- Хостинг и домен 1 година
- Филтер на продукти
- SEO оптимизација
- Еднојазична верзија
- Професионален дизајн
- Респонзивен на сите уреди
- Менаџирање 3 месеци бесплатно
- Техничка поддршка 24/7
€800 – €1300
- До 300 продукти
- Хостинг и домен 1 година
- Напреден филтер на продукти
- Напредна SEO оптимизација
- Можност за повеќејазична верзија
- Премиум дизајн
- Респонзивен на сите уреди
- Менаџирање 3 месеци бесплатно
- Техничка поддршка 24/7
по договор
- Неограничен број продукти
- Хостинг и домен 1 година
- Напредни функционалности
- Напредна SEO оптимизација
- Можност за повеќејазична верзија
- Премиум дизајн
- Респонзивен на сите уреди
- Менаџирање 3 месеци бесплатно
- Техничка поддршка 24/7
ВЕБ ДИЗАЈН МАКЕДОНИЈА - ИЗБОР БР.1 ВО МАКЕДОНИЈА
Подготвени сте да започнете со онлајн продажба?
Кажете ни што продавате, колку производи имате и кои функционалности ви се потребни. Ќе ви предложиме WooCommerce решение според вашиот бизнис, каталог и планови за раст.