MaTox Digital Agency

ВЕБ ДИЗАЈН И ИЗРАБОТКА
НА ВЕБ СТРАНИ
ВО МАКЕДОНИЈА

Изработка на веб страни за бизниси кои сакаат брзо, модерно и функционално онлајн присуство што професионално го претставува брендот и ги води посетителите кон акција.

 
 
 
Art IN
SMARX
Artissan
Vedra mebel
Dream Body Med Spa
Nothing Beatz a s Smile
Manifesting Your Divine Body
Book Inn Plagianou
Hair Nurse Aesthetics
Outlines Success

Професионални веб страни создадени за вашиот бизнис

Повеќе од добар дизајн. Веб страна што има јасна цел.

Вашата веб страна често е првиот контакт што потенцијалните клиенти го имаат со вашиот бизнис. Затоа кај MaTox не се фокусираме само на изгледот, туку на целото корисничко искуство, брзината, структурата и начинот на кој посетителот стигнува до следниот чекор.

Изработуваме професионални веб страни за бизниси во Македонија, прилагодени за мобилни уреди и оптимизирани за Google. Секоја страна ја структурираме според услугите, публиката и целите на конкретниот бизнис, наместо да користиме ист пристап за секој проект.

Од нова веб страна до целосен редизајн или веб продавница, целта е едноставна: да добиете брза, функционална и лесна за користење веб страна што професионално го претставува вашиот бренд и ви помага да создавате повеќе можности за бизнис.

Докажани Резултати

Креативен Дизајн

Богато Искуство

Среќни Клиенти

Веб страни што ги создадовме

Дел од веб страните и веб продавниците што ги дизајниравме и изработивме за бизниси од Македонија и странство.

Резултати на кои сме горди

icon

Ги препорачувам Matox на секој кој има потреба од услуги за дизајн на веб-страници. Нивната стручност, внимание на детали и одлични комуникациски вештини ги прават најдобар избор во индустријата. Јас сум исклучително задоволнa од исходот на мојата веб-страница и благодарнa за исклучителната услуга која ми ја обезбеди Matox!

Шантел Дурант-Џонсон, сопственик на Manifesting Your Divine Body

CASE STUDY

WEBSITE REDESIGN

Редизајн на веб страна за ВЕДРА Мебел

Од застарен ecommerce изглед до модерна веб страна со подобра структура, визуелен идентитет и корисничко искуство.

ШТО ПРОМЕНИВМЕ

Ист бренд. Целосно ново дигитално искуство.

Резултатот е модерна и функционална веб страна што подобро го претставува VEDRA Мебел и им овозможува на посетителите полесно да ја разгледуваат понудата на различни уреди.

Потребна ви е нова или модернизирана веб страна?

Зошто MaTox?

Веб страна создадена за вашиот бизнис

Не веруваме во едно решение за секој бизнис. Секоја веб страна ја планираме според вашите услуги, публика и цели, со јасна структура и дизајн што го претставува вашиот бренд и го води посетителот кон следниот чекор.

Дизајн што изгледа добро и функционира уште подобро

Добриот веб дизајн не е само визуелен. Внимаваме на корисничкото искуство, мобилната верзија, брзината и функционалноста за вашата веб страна да биде едноставна за користење на секој уред.

Подготвена за Google

SEO не треба да започне откако веб страната ќе биде готова. Уште при изработката внимаваме на структурата на страниците, heading хиерархијата, брзината, мобилната оптимизација и техничките основи што му помагаат на Google правилно да ја разбере вашата веб страна.

Лесна за управување

Вашата веб страна не треба да зависи од програмер за секоја мала промена. Градиме системи што се едноставни за уредување и по завршувањето ви покажуваме како самостојно да ги менувате основните содржини.

ВЕБ ДИЗАЈН МАКЕДОНИЈА - ИЗБОР БР.1 ВО МАКЕДОНИЈА

Вашиот бизнис заслужува повеќе од само убава веб страна

Ајде да создадеме веб страна што изгледа професионално, работи брзо и им дава причина на посетителите да станат ваши клиенти.

FAQ - Најчесто поставувани прашања

Цената за изработка на веб страна зависи од типот на проектот, бројот на страници, функционалностите, дизајнот и дополнителните барања. Едноставна презентациска веб страна и веб продавница со голем број производи, на пример, имаат различен обем на работа. Контактирајте нè со краток опис на проектот и ќе добиете понуда според вашите потреби.

Времето за изработка зависи од големината и комплексноста на проектот, како и од тоа дали содржината и материјалите се подготвени однапред. Пред почетокот на секој проект го дефинираме обемот на работа и очекуваниот рок, за целиот процес да биде јасен уште од почеток.

Да. Изработуваме веб продавници со WooCommerce кои се прилагодени за производите, начинот на продажба и потребите на конкретниот бизнис. Внимаваме на структурата на категориите и производите, мобилното искуство, брзината и едноставното управување со продавницата.

Да. Ако вашата постоечка веб страна изгледа застарено, работи бавно или повеќе не одговара на потребите на бизнисот, можеме да направиме целосен редизајн. Ги анализираме постоечката структура, содржина и функционалности и ја подобруваме страната без непотребно да се започнува од нула.

Да. При изработката ги поставуваме важните основи за SEO, како правилна структура на страниците, heading хиерархија, мобилна оптимизација, брзина и техничка поставеност. За бизниси што сакаат дополнително да ја зголемат органската видливост, нудиме и подетална SEO оптимизација според релевантни keywords и конкуренцијата.

Да. Секоја веб страна ја прилагодуваме за desktop, tablet и mobile уреди. Responsive дизајнот е дел од процесот на изработка, а посебно внимание посветуваме на навигацијата, читливоста, брзината и лесното користење на помали екрани.

Да. Веб страните ги изработуваме така што основните содржини, слики, услуги и други информации можат лесно да се ажурираат. По завршувањето на проектот ќе добиете и насоки за управување со веб страната.

Не. Работиме со компании и претприемачи од Македонија, САД и други пазари. Процесот може целосно да се одвива онлајн, од првиот разговор и планирањето до дизајнот, изработката и објавувањето на веб страната. Можете да ја погледнете нашата интернационална страница.

Scroll to Top